Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитровска го вратила сертификатот „ДРЖАВНА ТАЈНА“ во ДКСК по прилот на ТВ Телма 

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Обвинетата претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска денеска со запсиник го предала сертификатот „ДРЖАВНА ТАЈНА“ во Антикорупциската комисија и веќе не може да го користи, потврдија за Телма од службите во Антикорупциската комисија, пр

По вчерашниот прилог на Телма, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации-ДБКИ ја известила антикорупциска дека треба да постапи и времено да и го одземе сертификатот додека трае правосудната постапка за издавање службени тајни и за злоупотреби со полагање во системот за класифицирани информации.

Од ДКСК постапиле во текот на деншениот ден и сертификатот на Димитровска е кај нив од денеска. Исто барање било упатено и до Ревизорскиот завод каде работи ревизорот Миле Столески кој има безбедносен сертификат, а е обвинет дека полагал тест во име на поранешната колешка Димитровска.

Сертификатот е важечки, а од ДБКИ ни одговорија дека за двете лица „се прават дополнителни безбедносни проверки за утврдување на безбедносен ризик за лицата, односно за одземање на безбедносните сертификати и пред истекот на нивното важење“.

Обвинителството продолжува да ги анализира податоците од телефонот на Димитровска – одбраната го чека обвинението