Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Пожарот на Вардариште можна причина за прекинот на струја во Аеродром и Ново Лисиче

/

пред 406 дена

Сподели преку :

Попладнево голем дел од општината Аеродром и населбата Ново Лисиче, како и делови од централното градско подрачје, останаа без електрична енергија. Жителите информираат дека прекинот трае повеќе од еден час и предизвикува проблем за домаќинствата, угостителските објекти и фирмите кои работат во овој дел од градот.

Од ЕВН потврдија дека станува збор за дефект на 110 киловолтната трафостаница „Аеродром“. Екипите на Електродистрибуција веднаш се упатиле на лице место за санација на дефектот, а противпожарни екипи исто така се присутни на терен.

Неофицијално, од ЕВН се сомневаат дека прекинот во снабдувањето може да е поврзан со пожарот што попладнево изби на депонијата Вардариште, во општина Гази Баба, кој е можно да предизвикал пад на електрично напојување на далноводот.

Засега нема дополнителни информации кога ќе биде воспоставено редовното снабдување со електрична енергија.