Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар во фабрика за преработка на батерии и електронски смет во Трубарево, го гасат повеќе екипи

/

пред 393 дена

Сподели преку :

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека за гасење на пожарот во скопско Трубарево интервенира и специјален авион ер-трактор.

Стојанче Ангелов, директор на ДЗС, соопшти дека со пожарот не се зафатени објекти на фирмата „Нула отпад“, како што претходно информираше, туку се зафатени објекти на „Ф-Групација“, која се занимава со елекетронски отпад.

Пожарот ги зафати објектите на „Ф – Групација“ која се занимава со електронски отпад.  Фирмата „Нула отпад“ нема објекти овде и нејзини објекти не се зафатени со пожар, соопшти Ангелов.

Претходно Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје потврди дека се работи за голем пожар со кој се зафатени отпадни материи и оти го гасат повеќе екипи.