Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Катерина Котеска Стисниовска во Вин Вин: Нема надзор врз изречените мерки за насилниците и секогаш доаѓа до прекршување

/

пред 395 дена

Сподели преку :

Македонија е првата држава во Западен Балкан што го криминализираше фемицидот, сепак црната статистика на жртви е алармантна.

Последното убиство во Велес, сите настани до убиството јасно отсликуваат дека институционалните алки не функционираат, системот не е на првата линија на заштита.

Кои се чекорите за вистинска системска акција, полициска заштита, ефикасно обвинителство, одговорни центри за социјална заштита, ефективни судски пресуди?

Во Вин-Вин дебатираат Катерина Котеска Стисниовска, Магдалена Чадиноска Кузманоски и Фросина Ивановска.

  • Нема надзор врз изречените мерки, еднаш кога ќе се изречат тогаш се остава на самата жртва да се справува понатаму со насилникот. Во смисла ако тој се повлече и ги почитува тие мерки тогаш жртвата е безбедна, но во повеќето случаи не ги почитуваат и тогаш таа мора сама да пријавува дека не ги почитува мерките. Значи нема засилен надзор, кога еднаш ќе се изречат мерките нема механизам на проверка- засилен надзор, на патролирање пред нејзиниот дом, на проверка дали ги почитува мерките – такво нешто во пракса сега за сега не постои и тука настанува проблемот. Во случаите со кои јас сум се соочила во мојата пракса. Многу често, па можам да кажам и секогаш доаѓа до прекршување на тие мерки, рече Катерина Котеска Стисниоска, адвокат.

Но случајот со Росица и името на нејзиниот насилник низ документацијата на МВР се провлекува речиси 10 години.

  • Обвинителот секогаш побарува извод од казнена евиденција и тогаш се гледа дали тој е сторител на дела и на какви дела. Тогаш судијата донесува одлука врз основа на сите докази кои му се доставуваат. Но немало постапка, туку било само пријавувано. Затоа треба да постои база и таа да се користи во случаи кога при наредување на вештачење, што да се извештачи, каде да се корегира, дали му е потребен третман, вели Котеска Стисниоска.

Според психологот Фросина Ивановска во вакви случаи треба да се стави фокус на ризикот до каде може да оди насилството. Ова насилство што оваа девојка го трпела е класичен тип на интимен терор, каде што се манипулира со целосна контрола, изолација, моќ… каде што не е ни потребно психијатриско вештачење за да се утврди ризикот.

  • Затоа требало уште веднаш по првата пријава за де стави црвено знаме и од тука па натаму секоја комуникација со секоја следна институција која што се вклучува да оди врз таа основа. Ние во работата со сторителите фокус ни е безбедноста на жртвата, истакна Ивановска.

Јас би постапила исто како што постапила Росица, таа постапила како по книга, го пријавила насилникот и очекувала помош и не добила во очекуваниот облик, истакна во вечерашната емисија Вин Вин Магдалена Чадиноска Кузманоски, социјален работник.

  • Истите мерки како оддалечување од домот се дел од итните мерки кои се изрекуваат, другите итни мерки се да не се доближува до жртвата или да не ја контактира. Но во нашата традиција домот припаѓа на мажот, често тоа е заедница во која тој живее со мајката, таткото, братот, снаата… и еве ако се отстрани насилникот зарем таа ќе остане да живее под ист покрив со неговата мајка и татко? И да се донесе таква мерка во 99% случаи не може да се спроведе. Со жените со кои јас сум работела, тие или се сместуваат во шелтер центар, околу кои државата треба малку повеќе да се потруди и кои треба да не отстапуваат многу од условите во кои тие и досега живееле. Во тој момент ако се процени висок ризик, а треба да има тим којшто тоа ќе го процени, вели Чадиноска Кузманоски.