Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пресуда за онкологот Пешевска во случајот „Онкологија“

/

пред 391 дена

Сподели преку :

Кривичниот суд денеска треба да ја изрече пресудата за онкологот Мери Пешевска, второобвинета во случајот „Онкологија“, откако претходно самата призна вина. Таа, заедно со поранешниот директор Нино Васев и колегите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, се товари за несовесно лекување пациенти. Во своите завршни зборови, Пешевска изрази длабоко жалење, посочувајќи дека цел живот го посветила на пациентите и дека нејзината небрежност довела до злоупотреба на нејзини лични податоци од други.Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, и покрај признавањето вина и примерното поведение на обвинетата, посочи отежнителни околности – последици врз здравјето на седум пациенти и континуирана злоупотреба на факсимил. Одбраната, пак, смета дека Пешевска не смее да се осуди за момент на небрежност во систем кој долго време функционирал врз основа на меѓусебна доверба.За делото се предвидува затворска казна до три години.