Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Блокадите за „Пулс“ во Кочани ќе траат по еден час секој ден

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава со следната порака на роднидние на настраданите.

-„Срамен и понижувачки е односот кон трагедијата во Кочани и затоа од денеска секој ден во Кочани ќе се одржуваат мирни протести и блокади. Блокадите ќе траат по еден час секој ден – од 15:15 до 16:15 часот – сè додека не започне судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот за време на 26-тиот „Марш за ангелите“ одржан вчера пред Основниот суд во Кочани. Тие беа испровоцирани од изјавите на адвокатите на обвинетите, според кои случајот може да трае помеѓу 10 и 15 години.

Родителите на жртвите бараат судот да се зголеми за да не се одложи судењето поради недостаток на ресурси.

Тие исто така нагласуваат дека рочиштата мора да бидат приоритетни и да се одржуваат со постојано темпо за да може случајот да продолжи без непотребни одложувања.

Родителите изразуваат сомнежи за можна манипулација или намерно одложување на процесот и инсистираат сите дејствија да се спроведуваат јавно и транспарентно.

Б.С.