Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алон Охел, српски државјанин e на слобода -Хамас ги предаде првите седум заложници на Црвениот Крст

/

пред 362 дена

Сподели преку :

Хамас ги ослободи првите седум заложници кои  се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа.

Ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест, Алон Охел, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал.

Објавата предизвика овации меѓу толпата на Плоштадот на заложниците во Тел Авив. Возилата на Црвениот крст сега ќе се упатат кон деловите од Газа под израелска контрола, каде што заложниците ќе бидат предадени на израелските сили.


Потоа ќе бидат префрлени во воената база Реим во јужен Израел, каде што ќе бидат повторно обединети со своите семејства.

К.К.