Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица загинаа, околу 80 се повредени – се преврте автобус кај Сремска Митровица

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Две лица загинаа, а околу 80 лица се повредени, откако автобус на превозникот „Сирмиум бус“ што превезувал работници на компанијата „Хелткер“ се превртел во близина на Сремска Митровица, соопшти МВР на Србија.

Министерството за внатрешни работи наведува дека автобусот, од непознати причини, излетал од патот и се превртел. Несреќата се случила денеска околу 14:45 часот.

Припадници на полицијата и службите за итни случаи, како и дежурниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Сремска Митровица, се на местото на несреќата.