Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претреси во Скопје за наводна лихварска шема проценета на два милиона евра

/

пред 360 дена

Сподели преку :

Претреси на повеќе локации во Скопје под раководство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска спроведуваат полициски единици на МВР против повеќе лица осомничени за лихварство и перење пари. Според информации на Телма, станува збор за таканаречена аеродромска група, а со истрагата се опфатени и лица од Нерези. Првичните проценки се дека станува збор за шема со вредност од два милиона евра.

„Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари“, соопштуваат од ОЈО ГОКК.

Истрагата се разгорела пред десетина дена кога во Нерези и Карпош имаше полициска акција за откривање на наркотици. Потоа се откриени злоупотреби со пари заработени со недозволена трговија со дрога, кои биле користени за лихварско позајмување, а дел од позајмиците се вртеле и во кругови каде се одвивало нелегално коцкање.

Во истрагата се проверуваат и сомнежи за финансиска поврзаност со фирми преку кои се исплаќале парите и се переле односно легализирале. Според информациите на Телма, еден од осомничените не е во државата и има сознанија дека е во Грција. Има сомнежи и дека членови на групата учествувале и организирале подметнувања на пожари на автомобили на должници кои земале пари под лихва.

Сè уште не е познато за колку точно локации или лица станува збор. Обвинителството најави повеќе детали дека ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата.

Марија Митевска

Дигитална обработка: T.Д.