Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Мицкоски: Поддржувам анкетна расправа за Кочани, но ќе зборуваме и за сите останати големи трагедии што нѝ се случија

/

пред 335 дена

Сподели преку :

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го прифаќа предлогот на опозицијата за формирање на Анкетна комисија во собранието за случајот со Кочани, рече премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Во ред, ќе зборуваме, но ќе зборуваме и за сите останати големи трагедии кои што нѝ се случија во изминатите години. За се да зборуваме, затоа што сите виновници, апсолутно сите, да се изведат пред лицето на правдата. Во најмала рака, кога во парламентот има ваков тип на анкетна и надзорна расправа, тогаш граѓаните треба да видат и слушнат кој е тој што направил грешка, кој е тој што злоупотребил, кој е тој што е виновен. И јас апсолутно ја поддржувам одлуката на пратениците, еве нека има анкетна и надзорна расправа“, изјави Мицкоски.

С.Д.