Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарникари извлекоа две лица во заглавен автомобил во надојдена вода на Пчиња кај Стрновац

/

пред 334 дена

Сподели преку :

Две лица со автомобил заглавиле утрово во надојдената вода во село Стрновац во Општина Старо Нагоричане поради излевање на реката Пчиња и создавање на вирови. Извлечени се од пожарникари од општината.

„Денеска во 07:35 часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во село Стрновац, Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари“, информираа денеска од ТППЕ Старо Нагоричане.

Оттаму апелираат до граѓаните на Општина Старо Нагоричане да избегнуваат движења и секакви активности по течението на река Пчиња, а доколку се здогледа лице во опасност од временските услови веднаш да пријават на 112.

Управата за хидрометеоролошки работи, информираше дека водостојот на река Пчиња кај Пелинце, утрово е 120 сантиметри, вчера бил 18 што е значително повисоко со тенденција за пораст и три пати поввисоко од просекот за ноември кој изнесува 41 сантиметри.