Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судењето за случајот „Пулс“

/

пред 318 дена

Сподели преку :

Денеска во судницата во Идризово продолжува судењето против 38 мина обвинети за пожарот во Пулс во кој загинаа 63 млади луѓе и над 200 беа повредени .

Даночните контролори од УЈП Драган Паунов и Дуле Димитриев, осомничени дека примале поткуп од синот на газдата на Пулс, Михајло Јованов и му дојавувале кога ќе има контроли засега остануваат во куќен притвор. Кочанскиот суд ги одбил жалбите на обвинителството кое бараше да им се определи ефективен притвор  и ги потврдил  решенијата на судијата на претходна постапка.

Од судот најавија дека до утре ќе има одлука и за жалбите на одбраната која пак побара да се укине и куќниот притвор и осомничените да се бранат од слобода.  Паунов е брат на Даниела Димовска, претседателката на кривичен суд .

Таа реагираше дека нема никаква поврзаност со предметот на нејзиниот брат. Оваа истрага беше отворена минатата недела против 11 мина меѓу кои сопственикот на Пулс, Дејан Јованов, неговиот син,  даночни инспектори и контролори.