Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ушаков: Разговорот меѓу Путин и Виткоф беше „конструктивен и многу суштински“

/

пред 310 дена

Сподели преку :

Разговорите меѓу Русија и САД за ставање крај на речиси четиригодишната војна во Украина беа „конструктивни и многу суштински“, но останува уште многу работа, вели високиот советник за надворешна политика на претседателот на Русија Владимир Путин, Јуриј Ушаков.

Тој во разговор со новинарите рано утрово, нагласи дека разговорите „не траеле пет минути, туку пет часа“.

Путин се сретна со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот Џаред Кушнер, во Кремљ, во разговорите што започнаа доцна во вторникот како дел од обновениот притисок на администрацијата на Трамп за посредување во мировен договор.

-Разговорот беше многу корисен, конструктивен и многу суштински, и траешe не пет минути, туку пет часа. Ова ни овозможи темелно да ги разгледаме перспективите за понатамошни заеднички напори насочени кон постигнување долгорочно мирно решавање на украинската криза, вели Јуриј Ушаков.