Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Владимир Путин сака мир, таков впечаток стекнале Виткоф и Кушнер во Москва

/

пред 304 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оти неговиот специјален претставник Стив Виткоф и зетот Џаред Кушнер стекнале јасен впечаток дека Москва сака да ја приведе кон крај војната во Украина. Во обраќање од Белата куќа оцени дека разговорите во Москва биле исклучително успешни, пренесуваат медиумите.

„Рускиот претседател Путин би сакалда ја заврши војната. Таков впечаток стекнале“, рече Трамп, нагласувајќи дека Виткоф и Кушнер пренеле позитивни впечатоци за разговорите.

Состанокот во Москва претставува еден од важните чекори во новите дипломатски напори на Вашингтон за изнаоѓање на излез од украинската криза. За денеска е најавена средба на Виткоф и Кушнер со украински претставници на Флорида.

Путин: Состанокот со Виткоф и Кушнер беше многу корисен