Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Томовски му возврати на СДСМ: Немам приватна фирма, ниту удел во посочената, барам да се извините за клеветата, во спротивно ќе тужам

/

пред 307 дена

Сподели преку :

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски веднаш се јави со реакција по прозивките од СДСМ дека фирма на неговото семејство добила тендери во вредност од преку пет милиони евра. Потенцира дека во моментот нема приватна компанија и оти посочената фирма не е негова. Обвинувањата на опозициската партија ги оцени како клевети и измислици, побара извинување, во спротивнбо се закани со тужба.

„Вистината за случајот е следна. Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам. СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи“, напиша Томовски на „Фејсбук“.

(Видео) СДСМ обвинува за „чистка на буџетот“: Семејна фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра

С.Д.

Фото: facebook