Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ побара изземање на Апасиев од водење на комисијата за Пулс поради пристрасност, ги повика родителите на загинатите да ги видат неговите изјави за обвинението за трагедијата- Апасиев го отфрли барањето

/

пред 304 дена

Сподели преку :

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска побара изземање на Димитар Апасиев, претседателот на Собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот односно тој да не ја води седницата за трагедијата во Кочани.

Василевска наведе дека Апасиев е пристрасен бидејќи веќе неколкупати оценувал дека обвинението за трагедијата е лошо и ќе падне. Василевска ги повика родителите (на кои на почетокот им изрази далбоко сочувство и разбирање) да не потпаѓаат под активностите на Апасиев и ги покани да им ги покаже неговите изјави за обвинението.

Апасиев пак во контра реплика порача дека Постојаната анкетна комисија е уставна категорија и дека тој постапува согласно правилата. Го отфрли барањето за изземање, а при давањето пауза на седницата и тој ги покани родителите на загинатите во својата канцеларија, како што направи Ивановска.

(ДОКУМЕНТ) Одговорност за надлежните функционери за трагедијата во Кочани, законски измени и утврдување повреда на основното човеково право на живот- барањата до Собранието од  родителите на загинатите во Пулс