Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Виткоф на разговори со Зеленски во Берлин

/

пред 304 дена

Сподели преку :

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф викендов ќе отпатува во Германија, каде во Берлин ќе одржи средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и повеќе европски лидери, во рамки на најновите напори за постигнување мировен договор за војната во Украина.

Разговорите се дел од иницијативата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која настојува договор да биде постигнат до Божиќ.

Средбата доаѓа во време на засилени дипломатски активности, откако Украина ѝ достави на САД ревидирана верзија на мировен план од 20 точки.

Mеѓувреме, борбите продолжуваат – украинските власти соопштија дека Русија извршила масовни напади со дронови и ракети врз јужниот дел на земјата, при што биле погодени енергетски и индустриски објекти и илјадници граѓани останале без струја.

Едно од најспорните прашања во преговорите останува иднината на источните територии на Украина.

Зеленски изрази скепса кон американскиот предлог за повлекување на украинската војска и создавање специјална зона, предупредувајќи дека таков аранжман не нуди гаранции против ново руско напредување.

Во исто време, Европската унија најави дополнителна финансиска поддршка за Украина, вклучувајќи можност за користење на замрзнати руски средства.