Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски со порака од Брисел: Сите од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

/

пред 301 дена

Сподели преку :

Генералната порака што верувам дека треба да ја испратиме е дека ние на Западниот Балкан треба да работиме заедно, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето на настанот „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци…“ одржан синоќа во Брисел под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Муцунски истакна дека пристапниот процес не е само за една или две земји од регионот да се приклучуваат кон Европската Унија, туку тоа го сторат сите држави од Западниот Балкан.

– Тоа не мора да се случи во исто време. Знам дека системот не функционира така, но треба да бидеме таму заедно. Ниедна држава во регионот не треба да биде изолирана од полноправно членство во ЕУ и од нас зависи да работиме врз основа на стандарди, врз основа на критериуми и да гледаме кон иднината. Помалку да гледаме кон минатото, а повеќе кон иднината, бидејќи иднината е она што може да нè обедини, истакна Муцунски.