Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата прогласи кризна состојба на пазарот со струја

/

пред 287 дена

Сподели преку :

На денешната седница на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи Владата донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија на целата територија на државата во рок од седум дена од денот на влегување на сила на оваа одлука. Таа произлегува поради неможноста за набавка на мазут неопходен за производството на електрична енергија.

Со ова ЕСМ ќе има можност да ги користи ресурсите од државните резерви без надоместок,  а АД ЕСМ за трошењето на овој енергенс има обврска да доставува извештај до Владата и министерството за финансии.

Претходно од државните електрани соопштија дека поради протестите во Грција имаат потешкотии да набават мазут кој се користи во помали количини при производство на струја, а за јагленот тврдеа дека им се доставува со задоцнување. Според податоците од министерството за енергетика во државните резерви има над 10 илјади тони мазут.