Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение против Борче Марковски и поранешни директори од РЕК Битола за тендер од 1,7 милиони евра

/

пред 275 дена

Сподели преку :

Битолското обвинителство поднесе обвинение против сопственикот на Марковски компани Борче Марковски и уште двајца вработени во фирмата, како и против петмина поранешни раководители во РЕК Битола, меѓу кои и поранешниот директор Пеце Матевски.

Тие се товарат за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од рудникот Осломеј во рудниците во Битола вреден 106 милиони денари, односно 1,7 милиони евра. Код уште во мај минатата година објави дека парите биле исплатени, но погонските станици не биле монтирани.

Според истражувањето на Код, тендерот за дислокација, на 14 февруари 2024 го добива Марковски компани, која е и единствен понудувач. Има рок од една година да ги демонтира шесте станици, секоја голема колку трикатна куќа и тешка 80 тони, да ги пренесе и да ги монтира на две локации во рудниците во РЕК Битола каде што ќе бидат пуштени во употреба. Како гаранција за навремено завршување на работите, оставаат банкарска гаранција од 5 отсто од вредноста на договорот, односно околу 73 илјади евра.

Овластен службеник од РЕК Битола потпишува записник дека работата е завршена и на Марковски компани ѝ се исплатени парите. Неколку месеци подоцна на фирмата ѝ е вратена и банкарската гаранција, со оглед на тоа што работата била завршена. Само што не била.

„Свесно ги повредиле прописите за постапката со потпишување и поднесување на невистинита документација во која тврделе дека работите на монтажа на погонските станици се завршени, иако донесената механичка и електроопрема стоела расфрлана во кругот на РЕК Битола. Незавршената обврска ја наплаќале врз основа на невистинитата документација“, соопшти Обвинителството.

Обвинителството исто така предложило на Марковски компани да ѝ се одземат 1,7 милиони евра, колку што биле исплатени со тендерот. Обвинителството веќе ѝ замрзна имот на фирмата – 1,2 милиони евра, 1.000 швајцарски франци, 3 златни монети и 1 златна плочка од банкарски сеф во Белград, сопственост на првообвинетиот, како и над 500.000 евра на сметки во домашни банки. Дополнително, замрзнати се и 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година од фирма во Србија во сопственост на Марковски.

Обвинителството соопшти дека Марковски има две фирми во Србија и оти „има јасна тенденција тој да ги префрла парите со кои располага кон тие компании“.

Според информациите на Телма, во Србија е замрзнат имотот на фирмата „Хаза изградња“ со седиште во Нов Белград, регистрирана за изградба на станбени и нестанбени згради.

Оваа фирма во изминатите четири години добила 18 тендери, најчесто од Јавното претпријатие „Србијашуме“ во вкупната вредност од околу 3,2 милиони евра.

Срѓан Стојанчов

Дигитална обработка: Т.Д.