Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Добра иницијатива со многу недостатоци и задира во човекови права и јазична еднаквост- ДУИ со став за измените Законот за прекршоци со кои треба да профункционира казнувањето со сејф сити

/

пред 264 дена

Сподели преку :

-Ова е добра иницијатива за зголемување на безбедноста во сообраќајот, но сепак има многу недостатоци. Потребни се сериозни интервенции за подобрување на истиот. Сведоци сме и на многу поплаки од страна на граѓаните, велат од ДУИ за Телма, на прашањата поврзани со недонесување на Законот за прекршоци за кој е потребно двотретинско мнозинство, по што би почнало и казнување на прекршоците фатени со Сејф сити.

Власта го предложи законот, а планот е сејф сити да почне да праќа казни од 1-ви февруари. Но, за тоа треба да се смени законот за прекршоци за чие носење сепотребни гласовите на опозицијата, а СДСМ и ДУИ засега не го подржуваат.

Координаторката на пратеничката група на ДУИ, Рина Хајдари во писмен одговор до Телма вели дека предлог законот без јавна расправа и во скратена постапка задира во многу чувствителни теми.

-Предлог-законот е поднесен во скратена постапка, иако неговата содржина задира во чувствителни прашања поврзани со човековите права, јазичната еднаквост и прекршочната одговорност. За ваков закон не постои реална потреба од скратена постапка, а редовната постапка би овозможила поширока јавна расправа, поголема транспарентност и поквалитетни законски решенија, ни одговори Хајдари.

Според неа, „загрижува и фактот што ниту еден од поднесените амандмани не беше прифатен, иако тие беа насочени кон унапредување на уставната усогласеност, заштитата на човековите права и подобрување на практичната применливост на законот, а со таквиот пристап се ограничува суштинскиот парламентарен дијалог и се намалува можноста за постигнување поширок консензус околу законското решение со значајни општествени импликации.“

Таа ни посочи дека законот може да биде дел од поширок консензус на политичките партии за повеќе законски проекти кои се заглавени во Собранието поради немање потребно квалификувано или Бадентерово мнозинство. Хајдари, во тој сегмент, го посочи и изборот на Народен правобранител и други прашања и рече дека проблемот може да се реши на лидерската средба за која ДУИ ќе одлучува дали да учествува, по добиената покана.

Миомир Серафиновиќ

Сејф сити на готовс, ама законот со кој се дозволува електронско испраќање на казни чека во Собранието