Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителски избори на повидок – следната недела избор на шеф на Скопското обвинителство

/

пред 263 дена

Сподели преку :

Три клучни позиции во обвинителството ќе се пополнуваат во наредниот период. Ќе се бираат тројцата шефови на обвинителства сместени во зградата на крајот на Вардар. Ќе се бира државен јавен обвинител, откако Љупчо Коцевски си даде оставка, пред Собранието да го разреши. Шеф на Вишото скопско обвинителство кое се испразни, откако суспендираниот Мустафа Хајрулахи, за кого се водеше дисциплинска постапкам си поднесе оставка и шеф на Основното скопско обвинитество кое го предводи Гаврил Бубевски. Тој е еден од петмината обвинители кои се пријавиле на огласот, заедно со неговите колеги Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.

Кој ќе го раководи најголемото обвинителство во земјава, советот на јавни обвинители ќе одлучува на седница наредниот втоник. Тогаш ќе се бира и шеф на тетовското обвинителство. Единствен кандидат е актуелниот обвинител Бесир Алиу. И раководител на Вишото скопско го бира советот на Јавни обвинители, но државниот обвинител го гласа собрнаието на предлог на владата, но само за кандидат кој добил позитивно мислење од советот. Експертската јавност бара аргументиран избор на кандидат со интегритет.

Огласите за вишото скопско и за републичкото се во тек. Објавени се во „Службен весник“ во понеделникот и траат 15 дена. Новиот Закон за јавно обвинителство помина на владина седница на крајот од минатата година, но не стаса за огласот за државен обвинител, иако, според владиното соопштение, со законот се воведуваат измени во постапката за избор на јавен обвинител.

Коцевски на заминување порача дека постапката за негово разрешување е пример за политичките притисоци врз правосудството. Неговото место привремено го зазема обвинителката Анита Тополова Исајловска која лани бараше Врховниот суд да го укине обвинението за „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Елена Ивановска Мукоска