Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Средбата со Мицкоски е легитимирање на криминалот

/

пред 263 дена

Сподели преку :

Сите што ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката влада го легитимираат криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

Таквото дејствие ги прави соучесници во анти-ЕУ кампањата на власта и во плановите за предвремени избори без фер и демократски услови, реагираат денеска од опозициската СДСМ.

Според нив Владата веќе ја презема политиката на изолација на земјата и спроведува скриени планови како „мигранти за пари“.

Секој кој ќе се приклучи на средбата со Мицкоски не може да се изземе од одговорност и да тврди дека не бил соучесник во овие дејствија, се вели во партиската реакција.

Од партијата велат дека тие остануваат на страната на граѓаните, на страната на Македонија и на патот кон интеграција на земјата во ЕУ.

Додаваат дека ќе продолжат со нивната борба за правда, против корупцијата и криминалот и за силни и транспарентни институции.