Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Акција за даночно затајување од големи размери на повеќе локации во Македонија, соопшти обвинителството

/

пред 261 дена

Сподели преку :

Во акција на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција попладнево се вршат претреси и приведувања. Дел од осомничените се вработени во УЈП. Обвинителството не споделува информации за број на осомничени и локации каде се вршат претресите.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери“, информираат од обвинителството, од каде најавуваат повеќе информации ќе има во текот на денот.