Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)„Стоп за Усје“ граѓаните бараат 24-часовно мерење на загадувањето, од Министерството за животна велат „верувајте на резултатите“

/

пред 246 дена

Сподели преку :

Илјадници граѓани присуствуваа на денешниот протестен марш „Стоп за Усје“. Поворката започна пред влада, а потоа се движеше кон Министерството за животна средина.

На 12-ти март Усје повторно ќе бара да ја обнови дозволата за работа, а ние тука треба да влијаеме, порачаа еко-активистите од денешниот протест.

  • Дали компанија која е навистина чиста која навистина работи по закон ќе дозволеше ова да прерасне во олку голем обем, ако навистина беше така ќе дозволеше јавно 24-часовно мереше на тоа што го испуштаат оџаците, велат граѓаните.
  • Цементарница Усје не е само фабриката, туку и Титан и три ископи над неа распространети низ три катастарски општини, Кисела вода 1, Усје и Ракотинци. Вториот ископ е исцрпен и нема ниту едно засадено дрво, третиот ископ е исто така исцрпен и нема ниту едно засадено дрво, четвртиот ископ исечена е борова шума засадена во 50-тите години, истакнаа присутните на протестот.

Од Министерството за животна средина велат дека мониторингот е согласно закон. Стандарди и светски практики го врши операторот односно тој што го генерира загадувањето и во никој случај тоа не смее да биде облигација на институциите, во тој случај би било дека мерењата можат да се вршат со буџетски пари односно на товар на граѓаните.

Беса Татеши од министерството истакна дека треба да се верува на резултатите од мерење на загадувањето.

Б.С.