Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Преиспитување на обвинението бара одбраната во судењето за пожарот во „Пулс“

/

пред 244 дена

Сподели преку :

Преиспитување на обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пул“с и да се запре постапката за дел од обвинетите кои се товарат за тешки дела против општата сигурност побара одбраната на рочиштето за случајот. Петре Шилегов, кој е адвокат на обвинетиот советник од министерството за економија Шофкет Хајдари смета дека неговиот клиент не може да биде обвинет, бидејќи директно не придонел да избувне пожарот. Посебно со оглед на фактот што ОЈО ГОКК донесе одлука да не се гонат дел од полицајците за тоа кривично деко.

„Непосредно човекот го нема предизвикано пожарот се работи за административни работници кои при барањето на лиценца постапувале по службена должност и во рамките на нивните надлежности не биле органи кои требало да вршат инспекциски надзор. Тоа се причините и ова е најголем случај во смисла на последиците, имаме 63 мртви и не смееме да си дозволиме ако бараме како граѓани да изградиме систем, а тука системот да биде срушен“, изјави адвокатот Шилегов.

Тројца сведоци беа сосолушани, од кои Петар Марковски бил гостин, Дејан Манасиев работел како шанкер, а Стево Манасиев во минатото пред пожарот како диџеј. Сведочењето на шанкерот предизвика револт кај родителите на жртвите, бидејќи пред судот зборувал едно, а во обвинителството друго. Сега пред судот тој тврдеше дека стампедото настанало, бидејќи триесетина луѓе пред излезната врата го снимале пожарот, дека плафонот после реновирањето не бил спуштен и дека другата врата за излез била функционална и се користела за малолентици да ја напуштат дискотеката кога имало рација и дека имало план за евакуација.

„Кога го прашаа неколку пати зошто тоа што го пишува во првичната изјава и тоа што го кажува денес е различно, тој дури тврдеше дека тоа не го кажал и испаѓа дека некој дополнително му го има напишано. Кочани е мал град и нас некои работи ни се познати еве да кажеме со факти на кои делува кога сведочеше во обвинителството кажа едно, а денес друго. Ќе поднесеме кривична пријава за лажно сведочење“, изјави Петрушова, родител на жртвата.

Марковски сведочеше дека плафонот бил од сунѓер и пожарот се ширел со голема брзина и имало црн чад, на излезот се онесвестил по што го разбудило некое девојче, а врз него имало тројца други онесвестени посетители. Стево Манасиев пак кажа дека полицијата влегла непсоредно пред пожарот и дека пејачот на групата ги поздравил на микрофон.

И диџејот и шанкерот рекоа дека и претходно се користеле пиротехнички средства во Пулс. Но пред концертот на днк некој човек од Скопје бил задолжен за нивното поставување. Двајца сведоци беа оправдано отустни. Судењето продолжува во четврток.

Марија Митевска

Дигитална обработка: Т.Д.