Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стевановиќ: Со новите критериуми професор ќе стане тој што има пари, не тој што има знаење

/

пред 234 дена

Сподели преку :

Професорката Маја Стевановиќ во вечерашната емисија Вин-Вин истакнува дека новиот закон создава неправедни одредби кои ја фаворизираат финансиската способност над академските заслуги.

„Некој сака да направи чистка меѓу асистентите и вработените за да ослободи место за некој друг. Тоа е моето чувство. Апсолутно неправедна одредба. За едните да важи одложување, а за најринливите да не важи одложување,“ објаснува Стевановиќ.

Таа дополнува дека барањата за објавување трудови во Web of Science создаваат финансиски бариери: „Објавување на труд и уредување чини од 2 до 3 илјади евра.“ 

Па според тоа се проценува дека тој што има пари може да стане професор, а оној што нема, ќе треба својата кариера да ја бара на друго место. Стевановиќ, за ваквите одредби вели дека можат да ја нарушат академската автономија и да ги фаворизираат само оние со финансиски средства, наместо да ја вреднуваат реалната научна работа.

Марковиќ: Законот за високо образование е рецепт за „brain drain“ – младите ќе си ги спакуваат куферите

Т.Д.