Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обид за подметнување пожар во објектот на Еврејската заедница во Скопје

/

пред 175 дена

Сподели преку :

Црните траги пред влезот и на ѕидовите на објектот на Еврејската заедница сведочат за обидот за опожарување. Снимките од безбедносните камери покажуваат како две лица прескокнуваат преку оградата, истураат гориво и го палат. Пламенот бил силен, но пожарот се изгаснал после неколку минути и не влегол во внатрешноста на објектот.

Обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница во Скопје се случил рано утринава, при што нема поголема материјална штета.

После тој обид, полицијата постојано патролира во близина на објектот. Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви, вели дека очекува сторителите да бидат откриени и посочува дека ваков случај досега немало.

„Ова е нешто што не се случило во Македонија уште од времето на нацизмот и од времето на Хитлерова Германија. Немало ваков случај да се запали синагогата во вакви мирни услови“, изјави Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Македонија.

Соседите го забележале пожарот и пријавиле во полиција, по што бил извршен увид.

„Во 07:22 часот во СВР Скопје, Ј.Ј. пријавил дека на ул. „Апостол Гусларот” во двор од верски објект забележал канистер за гориво и траги од горење. Веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјави Гоце Андреевски, портпаролот на Министерство за внатрешни работи.

На почетокот на март, Советот за безбедност предупреди дека верските објекти на Еврејската заедница во Македонија може да бидат потенцијална цел на закани.

Тамара Марковска