Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини

/

пред 165 дена

Сподели преку :

Приведен е поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини  во акција на Министерството за внатрешни работи, спроведена во координација со Јавното обвинителство.

–Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје го лишија од слобода М.С. поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба, потврдија за Телма од МВР.

Според првичните информации, тој се сомничи за проневера на околу 700.000 евра, средства доделени од УЕФА на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.

-Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија  за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба. Се уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинител, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствијата кои се во тек, велат од ОЈО.

Сомнежите за злоупотреби биле констатирани по доаѓањето на новото раководство на федерацијата, по што случајот бил пријавен до надлежните институции.