Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Преполни контејнери и реа во скопско Тафталиџе, кај Млечен – граѓаните револтирани, бараат поажурно собирање на ѓубрето

/

пред 158 дена

Сподели преку :

Преполни контејнери од кои се шири реа, ѓубре и на асфалтот околу нив во скопско Тафталиџе, во близина на Млечен ресторан. Фотографиите се направени од граѓани кои се обратија до редакцијата на Телма, револтирани што повторно се сведоци на грдата глетка од пред локалните избори, кога Скопје со недели се гушеше во смет.

Расфрлани пластични шишиња, гајби, остатоци од храна, ќеси, картонски кутии… Граѓаните реагираат дека купиштата околу контејнерите се таложат од ден во ден, изразуваат загриженост за сопственото здравје, и бараат од надлежните поажурно да се собира ѓубрето.

С.Д.