Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во затворот Идризово најдени повеќе од 90 ќесички со дрога

/

пред 138 дена

Сподели преку :

Повеќе од 90 ќесички со прашкаста материја и дигитална вага се најдени во претрес во затвор Идризово. Престресот е извршен вчера наутро и бил пријавен во полиција, а дрогата е предадена на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

„Во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека  при извршен претрес во установата биле пронајдени и одземени 92 кесички со прашкаста материја и дигитална вага“, соопшти полицијата.

Неколку часа  по претресот, пред затворот е приведена дваесет и петгодишна жена од скопско. Полицијата пронашла дрога во пакет, во пакетот што го носела за осудено лице. Дрогата е одземена, а жената приведена во полициска станица.