Баритонот и првенец на Националната опера и балет Ристе Велков загина во тешката сообраќајна несреќа на обиколницата во Скопје.
Несреќата се случи синоќа околу 23 часот на обиколница на Град Скопје, кога возач на камион изгубил контрола и удрил во возило „бмв“ со кое се превезувале три момчиња на 20 години и татко на едно од момчињата.
Веста за загинувањето на Велков, ја потврди за Телма директорот на Нациналната опреа и балет, Оливер Арсовски.
Според соопштението на МВР, Велков управувал со возилото, кога во нив директно удрил камионот од спротивна страна.
„На 21.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје“, соопштија од МВР.
Велокв е роден во 1975 г. во Скопје, а како реномиран солист–ПРВЕНЕЦ на Македонската Опера и Балет, го носеше епитетот италијански баритон со кадифена боја.











