Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фетаи од патување во Бангкок до оставка од вицепремиерска и министерска функција

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Повеќе од два и пол месеци го немаше на влада, на седници, во сопствениот кабинет на вицепремиер задолжен за добро владеење. Понеделнички и на првиот ден од јуни, Арбен Фетаи си поднесе оставка од функцијата. Ја достави до владата и ја објави на „Фејсбук“. Смета дека во овие две години имал чест и привилегија да и служи на државата и да придонесе за реформите за зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото.

„Дали сум целосно задоволен од она што го постигнавме? Секако дека не. Секогаш има простор за повеќе, за подобро и за побрзо. Но, дали работев со максимална посветеност за да воспоставам цврсти темели врз кои ќе се гради понатаму? Без никакво двоумење, да. Заминувам со крената глава и со чиста совест. Ова е добро осмислена одлука, донесена со убедување дека во сегашните околности ова е најправедното и најдостоинственото нешто што треба да се направи“, напиша Фетаи на својот „Фејсбук“ профил.

Нема објаснување за неговото отсуство од кабинетот од средината на март кога се налути за иницијативата ВРЕДИ од коалиција да прерасне во една политичка партија со двајца копретседатели. Но, со оставката повторно ја врати на сцена, владината реконструкција, која повеќе пати ја најавуваше за овој јуни, самиот премиер, Мицкоски.

„Во јуни не очекува реконструкција на Владата така што, ќе видиме ќе разговараме со нашите коалициони партнери во рамките на Владата. Благовремено ќе бидете известени за сите детали во однос на реконструкцијата“, рече Мицкоски.

Оставката ќе треба да се констатира во Собранието. Фетаи ја објави на својот ФБ профил и во две страни упатени до премиерот, до колегите министри и јавноста наведе дека заедно реализирале повеќе иницијативи меѓу кои и онаа за унапредување и “зајакнување на меѓуинституционалната координација во политиките за борба против корупцијата”, како и предлогот законот за правична и соодветна застапеност односно законската замена на укинатиот противуставен инструмент Балансерот.

Се пофали со усвоената Националната стратегија за финансиски истраги и конфискација на имот и остави аманет на колегите да се продолжи по курсот на борбата против корупцијата, да се зајакнат независните надзорни тела и обновата на правосудниот систем. Фејсбук објавата на Фетаи за оставката, на неговиот профил доаѓа еден месец по претходната објава – фотографијата од Бангкок, Тајланд која ја објави додека не доаѓаше на работа.

Фетаи покрај македонското има и белгиско државјанство, но поради вицепремиерската функција автоматски доби безбедносен сертификат за “Државна тајна”, и покрај законското ограничување за доделување само на лица со едно, македонско државјанство.

Во Белгија, Фетаи има и повеќе згради кои се пријавени во ДКСК, а ги пријавил и кириите кои ги добива за становите во Брисел. Токму средбата со членовите на Антикорупциската комисија на почетокот на март му беше последната јавно објавена функционерска активност.

Миомир Серафиновиќ