Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

/

пред 106 дена

Сподели преку :

Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека е ,,вчудоневидена” од коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп кој рече дека на самитот на Г7 таа го молела за заедничка фотографија.

Мелони рече дека не и е јасно зошто Трамп покажува многу повеќе обзир кон противниците на Западот отколку кон долгогодишните сојузници.

Најновиот вербален конфликт нагло ги влоши односите меѓу двајцата десничарски политичари и доаѓа само неколку дена по самитот на Г7, каде се чинеше дека одат кон стабилизација по несогласувањата околу војната со Иран во текот на изминатите месеци.

На снимки од состанокот во Франција се гледаат Мелони и Трамп во долг разговор. Американскиот претседател подоцна сугерираше дека ѝ направил само услуга со тоа што воопшто разговарал со неа.

„Веројатно е среќна што разговарав со неа. Не морав да разговарам со неа“, кусо изјави Трамп за италијанската телевизија Ла7.

„Ме молеше да се фотографирам со неа. Толку сакаше да се фотографира со мене. Не би го сторил тоа, но ми беше жал, па се согласив“, додаде Трамп според преводот на ТВ Ла7.

Мелони набрзо му одговори.

„Тврдењата на Трамп се целосно измислени. Искрено сум изненадена. Не знам зошто претседателот на САД вака се однесува кон своите сојузници. Впрочем, не му е првпат. Има една работа што треба да ја запамети. Ниту јас, ниту Италија не молиме никогаш никого“, порача Мелони која беше единствена европска лидерка која присуствуваше на инаугурацијата на Трамп во 2025 година.