Судењето против деветмината полицајци обвинети за злоупотреба на службена положба поврзано со несреќата во дискотеката „Пулс“ продолжи денеска со изведување материјални докази.
Обвинението се однесува на нивни наводни пропусти и постапки во врска со трагичниот настан.
Одбраната тврди дека вечерта немало нарушување на јавниот ред, а доказите на обвинителството, според нив не соодветвуваат со трагичниот настан.











