Поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска го наруши интегритетот на Антикорупциската комисија, па за неа не трба да има олеснителни околности туку казна. Ова денеска го истакна обвинителството во случајот во кој Димитровска е обвинета дека со умисла давала информации на човек кој бил под истрага, но и дека го фалсификувала сертификатот за класифицирани информации. Пресудата судот ќе ја објави во вторник.











