Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пругата кон Бугарија, нови автопати и регулативи во урбанизмот и легализацијата – приоритети за министерот Бочварски

/

пред 2207 дена

Сподели преку :

Пругата кон Бугарија и застојот во нејзината изградба е клучната причина поради ниската реализација на капиталните инвестиции.

Токму затоа ќе се прави ребаланс на Буџетот  и ќе се бира нов изведувач кој треба да ги заврши работите почнати пред 25 години на делницата Куманово – Бељаковце.

Министерот Бочварски соопшти дека е изготвен правилник за урбанистичко планирање со кое треба да се стави крај на урбанистичкиот хаос во општините и да се заштити животната средина.

Правилникот содржи 410 ставки но ќе се однесува на ДУП-овите кои допрва ќе стапат на сила како што е оној во скопски Расадник за кој голем дел од граѓаните и стручната фела имаат негативно мислење.

Фокусот во неговиот мандат ќе бидат патиштата, железничкиот сообраќај и гасификацијата за кои ќе бидат одвоени дополнителни две милијарди евра.

Завршување на работите на делницата Кичево – Охрид  и кон граничниот премин Блаце, нов автопат кој ќе ги поврзува Гостивар и Кичево како и проширување на веќе постотечкиот меѓу тетово и Гостивар се само дел од приоритетите.

Предвидувањата се дека ќе се изградата или рехабилитираат 250 километри од автопатската мрежа и 300 километри експресни патишта.

Бочварски соопшти дека со новиот закон за легализација кој е во собраниска процедура нема да мое да се легализираат времени објекти како што беше случајот со Мавровка и најави дека ќе се обиде да привлече што е можно повеќе стручен кадар за да се зголеми бројот на инспекциските служби.

Огнен Чанчаревиќ