Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Починат вештак викан на судење, наталожени проблеми со вештачењата бараат законски измени

/

пред 2207 дена

Сподели преку :

Ги има над илјада, важни се на судењата, а немаат активна Комора бидејќи системот за работа им е пресложен, а претседателот на комората пред три години беше приведен. И најзначајно судските вештаци имаат проблеми со недоречености во законот.

Поради тоа се бараат измени, но не донесени во канцеларија туку со учество на струката, експертите и практичарите.

Еден од проблемите е и широката законска дефиниција на поимот која формата ја става пред знаењето.

Законските проблеми потоа се кршат во судница, кога вештаците ќе бидат повикани да сведочат, а во меѓувреме им истекла лиценцата за вештаци.

Десет години од првиот закон, проблемите се таложат во судското вештачење кое треба да придонесе за ефикасна и вистински утврдена правда- нешто што повторно е на врвот на приоритети и за новата влада.

А граѓаните ја чекаат со децении.

Миомир Серафиновиќ