Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија има позитивен скор само со Малта

/

пред 1460 дена

Сподели преку :

Од сите четири противници во квалификациите за Европското првенство, нашата селекција има позитивен скор само со Малта. Во шест дуели имаме пет победи и еден нерешен резултат, а последен пат се соочивме пред 12 години кога во контролен дуел играме 1:1, а во петте триумфи постигнавме 14 погодоци.

Со Украина сме одиграле вкупно пет натпревари имаше една победа од 1:0 во 2004-тата, а во петте соочувања имаме учинок од еден триумф, еден нерешен резултат и три порази во низа од кој последниот е на Европското првенство минатата година.

Со Англија до сега сме се сретнале четири пати. Немаме ниту една победа, но се паметат двата нерешени резултати во Саутемптон и Манчестер, а во Скопје имаме два минимални порази со 1:0 и 2:1. И на крај сите ја паметиме сензационалната победа над Италија во Палермо, нерешениот резултат во Торино, а во Скопје пред шест години бевме поразени со 3:2.

ФОТО: Игор Паневски