Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Царовска: Детски образовен додаток за учениците кои немаат интернет

/

пред 2207 дена

Сподели преку :

Детски образовен додаток за сите учениците кои немаат пристап до интернет најави министерката за  образование и наука Мила Царовска при вечерашното гостување во емисијата Вин Вин. Очекува тој проблем да се надмине до второто полугодие.

Таа признава дека дури наредната година ќе бидеме многу подобри во однос на интернет наставата.

Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека очекува епидемиолошката слика да се измени со отворањето на градинките, враќањето на родителите на работа и почетокот на учебната година на 1 октомври и не ја исклучи можноста во ноември да се сменат дел од одлуките. Царовска потенцира дека Владата будно ја следи состојбата со коронавирусот.

-На секои две недели се преиспитуваат и се носат одлуки. Нашата држава покажа дека знае да се справи со ситуацијата. И верувам на Комисијата за заразни болести. Нашиот здравствен систем не беше оптоварен. Тоа ми дава за право да верувам дека Комисијата носи добри одлуки, вели Царовска.

Таа посочи дека во државите, во кои биле отворени училиштата за сите деца, биле брзо затворени поради влошување на епидемиолошката слика и задоволна е што тоа сценарио е избегнато кај нас со постепеното отворање на предучилишните и училишните установи и примената на комбиниран модел- физичко присуство и онлајн настава.