Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шпанскиот двоец и натаму лидер на АТП листата

/

пред 1455 дена

Сподели преку :

По одигрувањето на турнирите во Астана и Токио нема измени на најновата АТП ранг листа.

На чело и натаму се Карлос Алкараз со скоро 1000 бода предност во однос на сонародникот Рафаел Надал додека на третото и чтвртото место остануваат Каспер Руд и Данил Медведев.

Стефанос Циципас сега е петти и ја смени позицијата со Александер Зверев. Новак Ѓоковиќ и покрај двата последователни триумфи е седми, а Тејлор Фриц напредуваше три места и сега е осми.

Најдобрата десеторка ја заокружуваат Андреј Рубљов и Камерон Нори.

Нема измени меѓу десетте најдобри на ВТА листата. Ига Свјонтек и натаму е убедливо прва со двојно повеќе бодови од Онс Жабер, следуваат Анет Контавеит, Паула Бадоса и Ирина Сабаленка.

Шеста и натаму е Џеика Пегула, а меѓу десетте најдобри се уште Марија Сакари, Коко Гоф, Симона Халеп и Каролин Гарсија.