Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Воено злосторство- Пендаровски меѓу 11-те претседатели од источна Европа кои заеднички го осудија бруталниот руски напад врз цивили низ цела Украина

/

пред 1453 дена

Сподели преку :

Претседателот Стево Пендаровски е еден од 11-те претседатели на држави од источна Еуропа кои го осудија вчерашниот руски брутален напад врз цивилни цели низ цела Украина изведен после нападот на мостот меѓу Крим и Русија. Сметаат дека станува збор за воено злосторство.

-Ние претседателите на Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија и Словачка ги осудуваме масовните бомбардирања на украинските градови кои неодамна ги изврши Русија, а кои според меѓународното право претставуваат воени злосторства, стои во заедничкото соопштение.

Руските напади продолжија и денеска, а има загинато десетици цивили и рането повеќе десетици украинци.На удар е и енергетската мрежа на Украина за да се спречи производство на струја и извоз во земјите на Европската Унија.

Претседателите се дел од групата „Букурешт 9“, а на иницијативата се приклучени и Македонија и Црна Гора.