Фудбалерите на Силекс и во вториот настап во европските клупски натпреварувања доживеаа пораз. По елиминацијата во квалификациите за влез во Лигата на шампионите, тимот од Кратово во Скопје е поразен од Дрита со 2:0 во меч од второто квалификациско коло од Лига Европа.
Првакот на Косово двата погодоци ги постигна во второто полувреме, а стрелци беа Фидан Гербеши во 48. минута од пенал и Ардијан Лимани во 80-тата минута од средбата.
ФОТО: Игор Паневски






















