Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ќе штеди на сметка на административците

/

пред 1464 дена

Сподели преку :

Владата ќе штеди на сметка на административците. Освен намалување на платите за 10 проценти, мерка која единстевно беше соопштена во јавноста, во документот до кој дојдоа синдикатите се предвидуваат и намалувања и на други расходи и надоместоци на буџетарите. Вицепремиерот Битиќи, пак, вели дека во време на криза, сите треба да го понесеме товарот и дека не е време  за калкулации.

Документот кој во вчерашната „Топ тема“ го обелодени претседателот на УПОЗ, Трпе Дејановски предвидува кратење на надоместоците на безбедносните служби, 30 проценти од вработените да работат од дома, со ротации, а да добиваат плата според ангажманот, но и можност за укинување и суспендирање на колективните договори.

Сепак, синдикатите од приватниот, но и од јавниот сектор, предупредија дека тие ќе се спротивстават на сите обиди на Владата да прави интервенции во колективните договори.

Ирена Чачкова