Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кучи во „Win-Win“: Ад-хок решенијата се охрабрување за сивата економија

/

пред 1464 дена

Сподели преку :

Проблемот со сивата економија е системски. Сè додека тој начин, тој систем, не го смениме, ние ќе патиме и секогаш ќе броиме колку промашувања имаме во однос на собирање на даноците. Ад-хок решенијата водат до уште поголема криза, односно во охрабрување на, и онака, истакнатата сива економија која значи нелојална конкуренција, нерамноправност, пак, што подоцна се одразува и на привлекување на партнери и инвеститори, порача менаџерот, Мендерес Кучи во вечерашното гостување во емисијата „Win-Win“ на Телма ТВ.

„За синдромот на сивата економија, која до скоро беше црна, сме укажувале не само на оваа влада, туку, перманентно на сите влади. Состојбата сè уште се толерира, иако меѓународниот фактор, како со мегафон, зборува дека треба да се воведе во ред. Голем удел во тоа имаат сите органи, почнувајќи од Царина, па до уличните продавачи“, вели Кучи.

Тој потенцира дека постојано сугерираат за проблемот кај актуелната влада, но без ефект.

„На оваа влада постојано ѝ укажуваме. Им укажувавме и на претходните, не нè слушаа и затоа денес ги нема. Истото ќе се случи и со оваа влада која, божем, се обидува да слуша, но, сепак, си работи по некој терк, а ние гледаме дека е затечена и не гледа излез од ситуацијата. Велам затечена, бидејќи гледаме каква ѝ е приходната страна со таа популистичка политика во смисла на финансиите“, истакна Кучи.