Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради дојава за бомба повлечени сите автобуси на ЈСП

/

пред 1464 дена

Сподели преку :

Лажна дојава за бомба го поремети јавниот автобуски сообраќај во Скопје. Утринава во Скопје кога е и најголемиот метеж, дел од автобусите застана да возат. На возачите им било соопштено дека мораат да ги вратат автобусите во базите за проверка.

Повеќето, пак, од возачите воопшто не успеале  да влезат во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, затоа што полицијата правела проверки, а капијата била заклучена, така што и тие вработени не тргнале да возат.

МВР е во претприајтието и врши проверка, но неофицјално паниката ја предизвикал еден до вработените кој се јавил во полиција и пријавил дека во автобусите има бомба, но потоа признал дека направил  грешка. Сепак, вработените се решени и покрај оваа ситуацијата точно на пладне да одржат протест заради неисплатената септемврска плата.