Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројките на заболени и починати растат, Комисија анализира, Филипче не исклучува нови превентивни мерки

/

пред 2205 дена

Сподели преку :

Зголемен број на починати во последнава недела има но на што се должи тоа надлежните засега немаат одговор. Во последните пет дена 35 пациенти ја изгубијата битката со коронавирусот вкупната бројка на починати лица се искачи на 683 со што Македонија е 22 место во Европа и 63 место во светот во црната статистика на жртви.
меѓу починатите се 23 годишно момче од Скопје и една година постар струмичанец.

Филипче смирува, нема грешки во процесот на дијагностика а младите жртви имале коморбидитети.

Ако во понеделник беа регистрирани рекодрно мал број на новозаболени – 37, во последните четири дена во државата има трицифрени бројки на заболени и нови 591 активен случај. Покачен е и процентот на позитивни тестови кој сега изнесува нешто над 8 отсто. Филипче повторно ја лоцира причината во непочитувањето на превентивните мерки.

Надлежните институции и Комисијата ги анализираат бројките и на почетокот на идната недела ќе соопштат што утврдиле односно на што се должи високата бројка на починати и нови случаи и дали ќе има дополнителни превентивни мерки

Околу воведувањето на целодневната настава во училиштата, Филипче соопшти дека Комисијата викендов ќе ја анализира состојбата и бројките на деца кои што би требало да останат во училиштата  и најави дека е моно да се донесе позитивна одлука која ќе се однесува само на оние училшта каде што таа бројка е помала.

Во однос набарањата на родителите на дец до шест години, засега Владата не размислува да ја смени одлуката бидејќи шесте месеци биле доволно време да продолжување на породилното отсуство.

Огнен Чанчаревиќ