Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Поштарите“ одбројуваат до штрајкот затоа што владата не ги прима на разговор за доцнење на платата и плановите за иднина

/

пред 1439 дена

Сподели преку :

Средба во владата или протест пред владата.

Ако најдоцна утре, синдикатот и раководството на Македонска пошта не бидат примени на состанок со надлежните во Владата, вработените во оваа компанија што е во државна сопственост ќе излезат на протест.

Повод за нивното незадоволство е доцнењето на септемвриската плата но причини за револт има повеќе. Синдикалците бараат нова систематизација и стратегија и план за развој на компанијата.

Не е во прашање само дали доцни исплатата на платите, во прашање е иднината на националната пошта, вели во Утринската програма на Телма, Боро Велигденов, еден од синдикалните лидери.

Тие бараат сите пратки и писма меѓу државните инститиции да ги разнесува „Македонска пошта“ а не некој од приватните оператори.