Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истече рокот до кој требаше Данела Арсовска да постави нов директор

/

пред 1439 дена

Сподели преку :

Истече рокот кој вработените на Водовод и го дадоа на Арсовска да ги повика синдикатите на средба. Јасни во своите барања сакаат разрешување на актуелниот директор Марјанчо Митовски, кој на позицијата е само месец и половина, а беше назначен од градоначалничката на Град Скопје.

Обвинуваат дека откако е на директорската функција со закани и уцени раководи со ова јавно градско претпријатие.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пак, тврди дека Митовски го следат контроверзи па дури и дека одлежувал затворска казна за сериозни дела но ваквите обвинувања вчера ги демантираше в.д. директорот на Водовод и рече дека првиот синдикалец лаже за ваквите наводи.

Според Митовски, претседателот на ССМ Димовски е иритиран од загубата на привилегиите што неговата сопруга ги уживала како вработена во ова јавно претпријатие.

Екипите на скопски „Водовод“ и денес се кај пукнатите цевки и дефекти на мрежата – од утре неизвесност