Синдикални претставници и претседателот на ССМ, Дарко Димовски, одржале состанок со Министер за транспорт и врски и Генералениот директор на А.Д. Пошта на кој било договорено најдоцна до петок на вработените да им биде исплатена септемвиската плата.
На состанокот бил потврден и заклучокот донесен од Управниот одбор дека нема да има отпуштања од работа , технолошки вишок, принуден одмор и намалување на платата на вработените.
На средбата синдикалните претставници го нагласиле ставот дека доколку нема плата во петок следниот ден излегуваат на штрајк пред Влада.











